Македонија

Водно повторно се лизга: Клиничкиот центар и згради на „Белградска“ во опасност

Утринава повторно се активираше лизгањето на земјиштето на Водно, на потегот меѓу улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски“, непосредно над комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Утринава повторно се активираше лизгањето на земјиштето на Водно, на потегот меѓу улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски“, непосредно над комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Новото поместување на земјената маса предизвика итна реакција – градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, излегоа на терен и одржаа вонреден координативен состанок.

По увидот е констатирано дека постои реален ризик за стабилноста на околните станбени објекти, но и за делови од клиничкиот комплекс, особено Детската клиника и соседните објекти.

Од ЦУК соопштија:

„Разгледна е состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето. Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.“

Ова е директно продолжение на стариот проблем. Уште на 10 јуни 2024 година се урна дел од потпорниот ѕид на улица „Белградска“, токму над Детската клиника. Тогашниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, јавно изјави дека година и половина пред уривањето добивале постојани пријави од граѓаните дека ѕидот е накосен и во лоша состојба. ЦУК тогаш ги известил Министерството за здравство, Град Скопје, Општина Центар и МВР, но никакви суштински мерки не биле преземени.

Еден и пол година подоцна, истото место повторно се активира – овој пат со уште поголем интензитет и со директна закана за објектите на Клиничкиот центар.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top