Македонија

Возел 220 на час на делница каде е дозволено 120

Го пробувал „мерцедесо“ на македонски патишта

Косовски државјанин е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во 08:41 часот, на паркингот Милетково на автопатот А1, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 36-годишниот Ш.З. од Косово.

При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top