Македонија

ВРЕДИ: Беким Сали ќе биде вицепремиер

Во објава на социјалните мрежи, пратеничката Имерлије Салиу напиша: „Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во С. Македонија“

Беким Сали ќе биде наследник на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер и според ВРЕДИ ова е завршена работа, објави претставникот на ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, според кој деталите ќе бидат договорени со премиерот во наредните денови.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на власт, ВРЕДИ по овие избори е втората партија со политичка моќ во нашата земја и како резултат на овие избори се случи позицијата прв вицепремиер на г-дин Меџити да биде празна , бидејќи тој се натпреваруваше на локалните избори во Чаир.

Деталите за тоа како ќе се спроведе оваа операција на овие позиционирања ќе останат да се договорат на состанок што нашите лидери ќе го имаат заедно со премиерот Мицкоски, каде што сите детали за тоа кој ресор ќе го претставува г-дин Сали во следната Влада – кој ќе биде првиот вицепремиер е завршена работа, но секој ресор во позадина, останува да се договори на следниот состанок што нашите лидери ќе го имаат со Мицкоски“, рече Дритон Сулејмани.

Во објава на социјалните мрежи, пратеничката Имерлије Салиу напиша дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали, кој се очекува да стане прв вицепремиер во Владата на Христијан Мицкоски.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски на прашање за Беким Сали кој треба да дојде на местото на Изет Меџити, истакна дека има добро мислење за него, но не даде повеќе детали.

Мицкоски: По заминувањето на Меџити, ВРЕДИ нема да добие ресор повеќе

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top