Македонија

ВРЕДИ: ДУИ ги вреѓа нашите стратешки партнери САД и ЕУ

Во рамките на ДУИ постои анти-западен менталитет и опасна носталгија кон српско-руските проекти во регионот и не е случајно што токму ДУИ преку Бујар Османи го донесе Сергеј Лавров во Скопје

„Вреди“ остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во интервју за национален медиум изјави дека „тоа што им се нуди на меѓународните, тие го голтаат“. Ваквиот речник не е само политички неодговорен, туку претставува и тешка навреда кон нашите стратешки сојузници: Соединетите Американски Држави и Европската Унија, соопштија од партијата „ВРЕДИ“

Изразуваме сериозна загриженост за оваа арогантна позиција на ДУИ кон меѓународните партнери, кои со децении се најголеми поддржувачи на мирот, стабилноста и унапредувањето на правата на Албанците во регионот.

„ВРЕДИ не размислува како ДУИ. За нас, САД, ЕУ и дипломатските претставништва на западните земји се незаменливи партнери на евро-атлантскиот пат на државата.

Албанскиот народ историски бил и останува најпро-американскиот и најпро-европскиот народ на Балканот. Албанците не ја забораваат клучната поддршка на САД и ЕУ во најважните моменти од нашата национална историја. Затоа, никој нема право во име на Албанците да користи потценувачки јазик кон нашите стратешки сојузници.

Оваа изјава само го потврдува она што „ВРЕДИ“ долго време го укажува: дека во рамките на ДУИ постои анти-западен менталитет и опасна носталгија кон српско-руските проекти во регионот.

Не е случајно што токму ДУИ преку Бујар Османи го донесе Сергеј Лавров во Скопје во време кога цела демократска Европа ја изолираше Русија поради агресијата врз Украина. Не е случајна ниту слепата поддршка на ДУИ за проектот „Отворен Балкан“, кој беше широко перципиран како платформа за ширење на српско-руското влијание во регионот, велат од партијата ВРЕДИ и прашуваат:

„Дали е ова истата партија чии функционери завршија на црната листа на Државниот департмент на САД? Зарем ова не се конкретни докази дека меѓународните не се наивни, туку дејствуваат кога се соочуваат со корупција и злоупотреба на власта? Тогаш, кому му се упатени овие изјави: на меѓународните или на електоратот кој се обидуваат да го држат во илузија?

Денес, кога ДУИ се соочува со најдлабоката политичка криза и со губење на довербата кај Албанците, излегува на виделина нејзиното вистинско лице: напади врз Западот, навредлив речник кон сојузниците и паника од губење на власта.

„ВРЕДИ“ им се извинува на нашите меѓународни сојузници за овој неприфатлив и навредлив речник на ДУИ. Албанците не се идентификуваат со овој менталитет. ДУИ го има изгубено политичкиот и моралниот компас и, во недостаток на идеи и граѓанска поддршка, ги напаѓа токму оние кои историски стоеле покрај Албанците и нашите стратешки интереси.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

To top