Македонија

ВРЕДИ: ДУИ ја избриша албанската дијаспора

Министрите на ДУИ се грижеле за приватните компании на своите роднини, а не за правична регистрација на пописот 2021-ва

 

„ДУИ е печат на националниот срам. Тие го напишаа, предложија и гласаа за моделот и методологијата на пописот што ги поништи бројките, ја исклучи дијаспората и ја наруши правичната застапеност на Албанците. Проблемот не се појави случајно, ДУИ го создаде“, соопшти Коалицијата ВРЕДИ

Според коалицијата ,  Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Илми Селами, Блерим Беџети и други функционери на ДУИ се директно одговорни за усвојувањето на Законот за регистрација во парламентот.

Цели села во западна Македонија биле регистрирани само со 30 до 50 проценти од населението, додека, како што истакнуваат, министрите на ДУИ се грижеле за приватните компании на своите роднини, а не за правична регистрација , велат од ВРЕДИ

„ДУИ не може да тврди дека решава проблем што самиот го создаде. Времето за манипулации заврши, времето за еднакви права започна“, велат д ВРЕДИ од каде додаваат дека веќе е покрената иницијатива за повикување на одговорност на сите вклучени.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top