Македонија

ВРЕДИ: ДУИ се плаши од она што Груби може да го открие

ДУИ многу добро знае зошто паничи. Стравот не е од правдата, туку од многуте работи што ги знае Артан Груби и од сè што може да изнесе на виделина. Тој е сведок на матните афери, политичките пазарења и договорите што со години се правени на штета на граѓаните.

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник. Црната кутија на владеењето на ДУИ се стави на располагање на правдата. Вистината неизбежно ќе почне да излегува на површина“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

„Артан Груби не беше обичен функционер. Тој беше спроведувач, координатор и доверлив човек за сите клучни одлуки во последните години. Од договори зад сцената, до сомнителни тендери и политички пазарења, Груби беше присутен секаде каде што се градеше моќта на ДУИ. Затоа, денес не станува збор само за индивидуална одговорност, туку за систем кој почна да се распаѓа“.

„ДУИ многу добро знае зошто паничи. Стравот не е од правдата, туку од многуте работи што ги знае Артан Груби и од сè што може да изнесе на виделина. Тој е сведок на матните афери, политичките пазарења и договорите што со години се правени на штета на граѓаните. Куќниот притвор е последица на подготвеноста на Груби институционално да се соочи со своите гревови. Суштината е дека институциите конечно ја отвораат темата што ДУИ ја закопуваше со години, како се спроведуваше власта и каде завршуваа одлуките и парите“, велат оид ВРЕДИ.

„По катастрофалниот пораз на локалните избори и по пропаѓањето на лажните ветувања за предвремени избори и „безбеден влез“ во Владата, ДУИ се соочува со најтешкиот момент од своето политичко постоење.

Враќањето на Груби не е крај на процесот. Тоа е почеток. Почеток на расплетување што може да доведе до целосно разоткривање на начинот на кој функционираше ДУИ. Прашањето повеќе не е дали ќе има политички последици, туку колку длабоки ќе бидат тие“.

„Ако црната кутија е Груби, тогаш нејзиното отворање значи директен удар врз Али Ахмети. И додека јавноста очекува правда, останува да се види кого ќе земе со себе во наредните денови. Од денес, ДУИ повеќе не ја контролира наративот. Напротив, вистината почна да ја контролира ДУИ“, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Митровски: Тренираат строгост на обични смртници, а им играат пеперевка на оние кои ја покрадоа државата

„Следен пат кога за обичните смртници кои ги застапуваме ќе се бара притвор, особено на неосудувани или нема да се прифати гаранција, нема да бидам препознатливо борбен. Има да гризам“, пишува адвокатот

To top