Македонија

ВРЕДИ: Требаше Ахмети да оди во опозиција за Зајас да разбере зошто остана без канализација

На Албанците им кажуваа „причини“, додека зад сцената се склучуваа договори за соработка, се воведуваа локални фирми и се префрлаа милиони евра од европските фондови.
Жителите чекаа канализација, а друг чекаше исплати.

 

 

Али Ахмети цели 24 години не успеа да направи канализација ниту својот роден Зајас. Иронично е што тој имаше моќ, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Но, немаше канализација. Денес, кога излегуваат податоците, се дознава и зошто, се вели во партиското соопштение на ВРЕДИ.

Секој нов факт што ќе излезе на виделина уште повеќе ја урива маската на ДУИ. На Албанците им кажуваа „причини“, додека зад сцената се склучуваа договори за соработка, се воведуваа локални фирми и се префрлаа милиони евра од европските фондови.
Жителите чекаа канализација, а друг чекаше исплати.

ВРЕДИ поставува прашања кој профитирал од проектот, кои компании биле вклучени, кој ги одобрувал исплатите и дали истрагата ќе ги опфати сите инволвирани лица.
„Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите евра, кој имал корист од проектот и зошто Зајас 24 години остана без основна инфраструктура“, наведуваат од ВРЕДИ пренесува порталош „Журнал.мк

Од ВРЕДИ порачаа дека Зајас повеќе нема да биде „заложник на неисполнети ветувања“ и дека ќе инсистираат истрагата да биде целосно спроведена.
„Бараме да се отворат сите договори, исплати, компании и сите можни политички, бизнис и семејни врски. ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи, а сега мора да сноси одговорност“, се наведува во соопштението.

Оттаму велат дека нема да дозволат оваа работа да се покрие со прашина. Бараат истрагата да оди до крај.

ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега мора да даде отчет порачуваат оид ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top