Македонија

ВРЕДИ: Украденото ќе им биде вратено на граѓаните

Вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен за шеф на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот

 

ВРЕДИ ја обвини ДУИ дека се збогатувала со потта на граѓаните и дека оваа ера сега е завршена.

„Со одлука на Владата, еден од лидерите на ВРЕДИ, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен за шеф на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Ова е највисоката институција која ќе гарантира дека никој нема да може да го задржи богатството стекнато преку корупција и криминал, соопштија од коалицијата..

„За прв пат, Албанците го водат механизмот што го зема богатството на крадците и го враќа за јавен интерес. Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ВРЕДИ, им го конфискува богатството.

ДУИ/НАИ викаат за ‘српски свет’, но нивниот единствен свет е оној на корупцијата и нередот што го оставија зад себе во секоја општина. Вреди никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го поткопуваат евроатлантскиот пат.

Ние сме членки на НАТО и меѓународните извештаи како што е Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан се сериозно предупредување за нив. Накратко, тие врескаат за власт и бараат начин да избегаат од корупцијата што ги зафатила. Ние дејствуваме за граѓаните, ги оживуваме општините и ќе го вратиме украденото богатство на оние што му припаѓаат: граѓаните“, соопшти Вреди.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top