Македонија

ВРЕДИ: Во време на ДУИ за Албанците имаше само фотки од Груби на Фејсбук

Заа време на владеењето на ДУИ, регионите каде што живеат Албанци биле запоставени

 

ВРЕДИ во соопштение тврди дека во време на владеењето на ДУИ не бил спроведен ниту еден голем инфраструктурен проект, ниту еден километар автопат до Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан..

„Албанците добиваа само цвеќе, ленти и фотографии на Фејсбук со лицата на Артан и Бујар. Патишта се градеа насекаде, освен таму каде што живеат Албанци. Додека државата инвестираше во Крива Паланка, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија, ДУИ не покажа интерес за изградба на инфраструктура во западниот дел од земјата.“

Од ВРЕДИ за пример го дадоа влегувањето на автопатот Скопје-Блаце во завршна фаза.

„Денес реалноста е поинаква, благодарение на ВРЕДИ. Градежна офанзива е видлива во сите западни региони. Од Тетово, преку Гостивар, до Кичево и Струга – булдожери, камиони и асфалтни бази докажуваат дека и таму конечно започнала изградбата.

Тивко, со посветеност и решителност. ВРЕДИ работи тивко, но резултатите се видливи секој ден: нови правци, реконструирани сегменти и проекти што им служат на сите граѓани. Покрај патиштата, инвестираме над 300 милиони евра во локалната економија, инфраструктурата, образованието и зелената транзиција, бидејќи развојот мора да стигне до секое село и град“, велат од Коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top