Македонија

Време близу до елементарна непогода

Дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе […]

Дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм,

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука со која ги обврза работодавачите од вчера до 26.07 да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.

Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top