Македонија

Денеска сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

Најниската температура од -3,1 Целзиусов степен утрово е измерена во Берово, а највисоката од 9,8 степени во Гевгелија

Времето во Република Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, според прогнозата на Управата за хидометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најниската температура од -3,1 Целиусов степен утрово во 6 часот е измерена во Берово, а највисоката од 9,8 степени во 7 ч. во Гевгелија.

Максималните дневни температури се очекува да достигнат од 12 до 20 степени, а во главниот град до 18.

Најнови вести од: Македонија

To top