Македонија

Врховниот суд како последен бедем на правдата: Судовите во Охрид и Битола згрешиле за мајката и четиригодишното детенце

Погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови, како резултат на што останала нецелосно утврдена фактичката состојба

 

Врховниот суд на Македонија во случај во кој претходно го доби една од најбогатите фамилии во Македонија ја поништил пресудата со која на мајката Невена и беше одземено четиригодишното дете со што највисокиот судечки суд уште еднаш покажа дека знае да биде ретка светла точка во македонското правосудство.

 

Врховниот суд одлучувајќи по поднесена ревизија од мајката Невена Спасеска, ја поништи пресудата од основниот суд во Охрид и апелација во Битола, со која старателството на четиригодишното дете го дадоа на пребогатиот татко од Охрид, а мајката целосно беше исклучена од старателството.

„Ревизиите на тужената се усвојуваат , Пресудата на Апелациониот суд од 20 февруари 2025 година и на охридскиот суд од ноември 2024 година се укинуваат, а предметот се враќа на повторно судење„, пишува во одлуката на Врховниот суд.

 

Како што беше пишувано изминативе две години откако expres.mk го следи случајот, Врховниот суд потврди дека „пресудите од Охрид и Битола се нејасни и неразбирливи, не содржат доволно образложени причини за решителните факти од кои се раководеле судовите при одлучувањето, а дадените причини не произлегуваат од изведените докази па истите не можат во целост да бидат испитани“.

 

Според Врховен, основани се и ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови, како резултат на што останала нецелосно утврдена фактичката состојба.

 

Врховниот суд смета дека двата суда во Охрид и Битола, за разлика од описите за блискоста на детето со таткото, односно дека треба детето да живее со таткото зошто е богат, дека е машко и дека живее во мало место, не дале информации дали и мајката била повикана во Центарот за социјална работа во Охрид, каде всушност и не била никогаш повикана.

 

Според пресудата извештајот на Центарот за социјална работа во Охрид се смета дека не е сеопфатен и дека не се наведени битните околности по однос на родителските капацитети на мајката ниту врз основа на што е дадено мислењето да се даде старателството на таткото.

 

Судот му забележува на Центарот за социјална работа во Охрид дека се посветил само на таткото на детето, а ја игнорирал мајката и нејзините родителски капацитети.

 

Претходно, директорот на Центарот во Охрид беше разрешен поради неговата улога во овој предмет и му беше поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална работа.

 

„ Во конкретниот случај стручниот тим при ЦСР О. мислењето го дал само со анализа на условите кај таткото и неговите родителски капацитети, без притоа да се ценат условите кај мајката и нејзините родителски капацитети како и возраста на детето и неговата потреба од мајка на таа возраст, прилагодувањето во средината во која досега живее односно треба да бидат согледани целокупните услови за растење и грижа за малолетното дете“, се наведува во одлуката на Врховниот суд.

 

Врховниот суд смета и дека двата суда во Охрид и Битола, кои донеле одлука дететото да го доверат на таткото, не го зеле предвид мислењето на Центарот за социјална работа во Скопје кој сметаше дека дететото треба да остане кај мајката. Судот наведува дека одлуката мора да биде во „најдобри интереси на детето“ кои не се совпаѓаат со интересите на таткото или на мајката.

 

„При утврдување на „најдобри интереси“ битно е да се цени дали детето се прилагодило на средината каде живее во С. и како промената на средината би влијаела на детето со оглед дека се работи за дете од четири години“, се наведува во одлуката.

 

Врховен утврди и дека основани се ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право бидејќи судовите не ја зеле во предвид одредбата од член 265 став 3 од Законот за социјална заштита.

 

„Имено согласно оваа одредба е предвидено дека за дете чии родители не живеат заедно, а постапката за доверување на детето на чување и воспитување кај еден од родителите не е спроведена, надлежен е центарот на подрачјето на кое детето се нашло во положба од социјален ризик. Дотолку повеќе што од известувањето од 31.10.2024 година утврдено е дека е надлежен Центарот за социјална работа во Скопје и упатува да се прави разлика помеѓу судска и управна постапка“, се вели во одлуката на Врховниот суд.

 

На потег е Судскиот совет

 

Судии криеле клучни информации за мајката која поради таа формално остана без своето четиригодишно дете

Судски совет има сериозна основа за прогон на двајца судии од Охрид и Битола

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. […]

To top