Македонија

За ДУИ Македонија не е унитарна, туку „мултиетничка држава“, во која Албанците се „половина од реалноста“ и „така мора да се претставува“ на Самитот на НАТО?!

„Претставување без Албанци не е претставување на државата. Државата не е праведно претставена кога половина од нејзината реалност е изоставена.“ – наведува ДУИ во своето денешно соопштение во врска со учеството на државната делегација на Република Македонија на Самитот на НАТО, кој се одржува во Турција и создаде дилема: која „половина од нејзината реалност е изоставена“? Ако ДУИ таа „половина од реалноста“ ја поврзува со Албанците, тогаш треба да се има предвид дека овој етникум во структурата на населението на Македонија учествува, според пописот од 2021 година со 24,30 отсто, што значи само со една четвртина, а не со 50 проценти.

Демократската унија за интеграција натаму во своето соопштение изнесува: „На Самитот на НАТО во Турција С.Македонија е претставена со делегација без ниеден албански претставник. Ова е одраз на политичкиот менталитет, кој ја гледа државата како сопственост на еден етникум, додека Албанците се само внатрешен декор.“

„С.Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура, изградена врз рамноправност, претставување и врз Охридскиот договор. Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на земјата, а не да ја бришат.“

„Исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување е погрешна порака за граѓаните, за сојузниците и за карактерот на државата. Државата не е праведно претставена кога половина од нејзината реалност е изоставена.“ – наведуваат „интегративците“ во своето соопштение, во кое изнесуваат уште една формулација, која, исто така нема никаква врска со политичката реалност – „мултиетничка држава“.  Република Македонија не е никаква „мултиетничка држава“, туку унитарна држава со целосна рамноправност на сите етникуми, кои го сочинуваат нејзиното вкупно население.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top