Македонија

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality“, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата. Во своето излагање, Магда Јиануменаџер за југоисточна Европа на Palo Alto Networks, ги претстави главните предизвици и решенија во областа на сајбер-безбедноста, особено во контекст на забрзаниот развој и интеграција на вештачката интелигенција.

На панел-дискусијата посветена на тоа како ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа: Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор на Kuehne+Nagel Macedonia, Иво Павловски, Кеативен директор на Division и Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.

Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.

За клучната улога на човечките ресурси во процесите на дигитална трансформација говореше гостинот од Амроп Србија, Милош Ѓурковиќ, кој посочи дека компаниите не можат да напредуваат без систематски развој на талент и менаџмент на промени.

За образованието поврзано за ИКТ како и за темата „Кој ќе ја кодира иднината?”, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ, Весна Ивановска, разговараше со министерката за образование Весна Јаневска, како и со деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.

Посебно внимание привлече излагањето на италијанскиот експерт Пјетро МариниДиректор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој го отвори прашањето за иднината на бизнис моделот на спортските и медиумските права. Тој предупреди дека долгогодишните традиционални модели на стабилност се разнишуваат, со што се отвора дилема за одржливоста на целиот екосистем.

На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа: Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ, Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка, Александар Манев, генерален директор на Кроација – друштво за неживотно осигурување и Михајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.

Конференцијата беше затворена со панел за финансирање на иновациите, на кој учествуваа: Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија, Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка, Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологии и Боро Јакимовски, DigitMak.

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top