Македонија

За Хоџа „РМ може да се гради само со партнерство меѓу Албанците и Македонците“, а „ДУИ нема да влегува во владата без договор“?!

Потпретседателот на ДУИ, Арјанит Хоџа, во Клик Плус на ТВ21 „остро ја критикуваше“ актуелната Влада, велејќи дека „нејзините цели биле јасни уште од почетокот“: „слабеење на позицијата на Албанците во Македонија и легитимирање на таа политика преку мала група луѓе“. Тој нагласи дека, „ДУИ не може да влезе во Владата без политички договор“. Според Хоџа, „ова е првата Влада во историјата на државата која е формирана без политичка програма на албанските партии“. Ова го објави ТВ 21.

Натаму телевизијата наведува: „Целите на Мицкоски биле јасни: како да ја ослаби позицијата на Албанците во С.Македонија и да се одмазди за сите достигнувања на Албанците кои се случиле по природен пат. И му беше потребна мала група луѓе за да ја легитимира својата политика. Зашто, ако тие не беа дел од Владата, немаше врз кого да остане товарот. Зошто тие не го пробаа тоа, како што велат – ако ние си заминеме, ќе влезе ДУИ. ДУИ не влегува во Владата, тоа е кажано многу пати, а го кажувам и јас како потпретседател: ДУИ не влегува во Владата, ако тие излезат. Не може да се влезе во Влада без политички договор.“ – тврди Аријанит Хоџа.

Во врска со средбата меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и премиерот Христијан Мицкоски, Хоџа информираше „дека досега немало покана од премиерот“. Сепак, тој нагласи дека „таква средба е неопходна за усогласување на ставовите на сите етнички заедници околу иднината на државата“.

„Секако, тоа е една од темите за кои треба да разговараат Ахмети и Мицкоски, бидејќи е потребно усогласување на сите ставови на етничките заедници за тоа како сакаме да ја видиме оваа држава. Ние, Албанците, сакаме оваа држава да ја видиме во Европската Унија, рамноправна со сите други држави. Албанците во С.Македонија немаат друга алтернатива. Ова е наша држава и таа може да се изгради само врз основа на целосно партнерство меѓу Албанците и Македонците, а нашата иднина е во големото европско семејство“, вели Арјанит Хоџа, објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top