Македонија

За локалните ЗНАМ ќе има предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. вчера соопшти дека за локалните избори во одредени градови ЗНАМ ќе има предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати. „ЗНАМ трча со свои кандидати, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со […]

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. вчера соопшти дека за локалните избори во одредени градови ЗНАМ ќе има предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати.

„ЗНАМ трча со свои кандидати, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со свои кандидати. ЗНАМ трча со сопствени советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со нивни советнички листи, но дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија. Начелно ова се разговара, а епилогот од разговорите ќе следи и ќе го објавиме официјално“, кажа Димитриевски синоќа во гостување на централниот дневник на телевизија Сител.

На прашањето дали има прелиминарен договор со ВМРО-ДПМНЕ за негова поддршка во Општина Куманово, тој рече дека се водат интензивни разговори на таа тема и нагласи дека неговите очекувања се да се постигне таков договор.

Тој додаде дека разговорите не се водат само за поддршка во Општина Куманово, туку и за други општини ширум земјава, но, како што рече, ќе причека сето тоа да се официјализира.

Димитриевски соопшти дека до крајот на овој месец, ЗНАМ ќе ги соопшти имињата на своите кандидати, како и општините во кои предизборно ќе коалицира со владиниот партнер.

Прашан дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат во Општина Куманово, како и во Општина Центар, Димитриевски рече дека ЗНАМ има апсолутно право да промовира свои кандидати онаму каде што има постигнато најдобри резултати на претседателските и парламентарните избори.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top