Македонија

За малку ќе го убиеле убедени дека им украл лубеници

Насилно го извадиле од возилото и го нападнале со тупаници и шлаканици по главата и телото но и со клешта сè додека оштетениот не паднал во несвест

Двајца мажи, на возраст од 39 и 31 година, се притворени откако беа осомничени за брутален напад врз човек за кој се сомневале дека украл лубеници од нива.

„Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешан, извршиле брутално насилство и ја загрозиле безбедноста на лице, за кое сметале дека украло лубеници од земјиште на првоосомничениот.

Со транспортно возило го следеле оштетениот додека тој возел од Петровец до селото Таор, сè додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешан.

Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извадиле од возилото и го нападнале со тупаници и шлаканици по главата и телото.

Второосомничениот зел хидраулични клешти од камионот и го нападнал со нив сè додека оштетениот не паднал во несвест.

Му нанеле телесни повреди поради кои – во тешка животна состојба – нападнатиот бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Со насилните дејствија, кај сведокот- внук на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, закана и страв“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Против двајцата осомничени е предложена мерка притвор.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поведена истрага за кривично дело – Насилство по член 386 став 6 во врска со став 3 и 1 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top