Македонија

За потенцијални неправилности на изборите отворена бесплатна телефонска линија

Телефонските линии ќе бидат отворени до 19:00 часот денеска

 

На денот на изборите, граѓаните имаат достапна бесплатна телефонска линија каде што можат да пријават потенцијални неправилности за време на гласањето.

Народниот правобранител најави дека овие телефонски линии ќе бидат отворени за време на гласањето, поточно од 07:00 до 19:00 часот.

„Доколку граѓаните забележат неправилности или какви било пречки при остварувањето на своето право на глас, можат да ги пријават на бесплатната телефонска линија 0800-54321“, вели Народниот правобранител.

Покрај тоа што можат да ги пријават по телефон, Народниот правобранител најави дека граѓаните можат да ги поднесат своите жалби и лично.

„Граѓаните можат да поднесат жалби и во 7-те канцеларии на Народниот правобранител во Скопјe, Битолe, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип“, нагласува Народниот правобранител.

Институцијата Народен правобранител ги потсетува граѓаните дека надлежните органи се должни да обезбедат целосна заштита на правото на глас загарантирано со Уставот, кое се остварува директно и тајно на изборите.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top