Македонија

Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност

Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа пченица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа пченица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза а намалувањето на стоковните резерви претставува директно загрозување на националната безбедност и не смее никој да се дрзне да отпишува 2.000 тони пченица во криза – се додава во соопштението.

Во секој потег на Заев, Филипче и Николовски од нивната шема се отвара сомнеж за сериозни злоупотреби, корупција и огромен профит. Од отписот на жито, прескапата набавка до доделениот грант – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендери за 20.000 тони жито што го платиле 1,3 милиони, по поскапа цена и како гратис услуга Николовски издејствувал 1,4 милиони грант за „Мамас“ на кланот Заеви – се додава во соопштението.

Николовски во 2022 година направил набавка на 20.000 тони жито, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче но набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милиони евра.20.000 тони пченица државата ја чинело 532 милиони денари или 8,6 милиони евра, односно еден тон жито бил 26,625 денари, а килограм 26,6 денари.Но, пченицата била набавена од Србија, цената на берзата во Нови Сад била 20,5 денари, дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели 4 денари помалку од оние кои државата ги платила поради Љупчо Николовски, Заев и Филипче, или 1,3 милиони евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски да каже зошто државата платила 1,3 милиони евра поскапа сума за житото во стоковите резерви? Кој се ќарил од набавката на жито и колкав процент? Дали грантот за Тргопродукт од 1,4 милиони евра е подарок и контра услуга на Заев? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО и ДКСК да отворат постапки  и сериозно да го истражат случајот – заклучија од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top