Македонија

Закани по животот на новинарот Видиновски : „Смрт за вас!“, „Копилиња асномски!“ – МАН повикува ЈО веднаш да реагира!

Македонската асоцијација на новинари – МАН го повикува јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада.

„Курир“ натаму пишува: Цитираме само некои од заканите, за кои принтскринови има во прилог на оваа реакција: „Асномски ко*илиња“, „Македонија е наша што сакаме ќе правиме.“ „Смрт за вас“. Се работи на најдиректни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски. кои преставуваат закани кон службено лице согласно Кривичниот законик.

Освен директните закани кон новинарот и уредник во К5 ТВ (службено лице) Александар Видиновски, лицата со име и презиме се закануваат и кон Македонскиот народ, како и со воено уривање на Уставниот поредок на Република Македонија.

Ваквите закани се директен притисок врз уставно загарантирана слобода на говор да не се известува за прекршувања на позитивните законски прописи во Македонија дури и од странски дипломатско-конзуларни преставништва и преставници.

Со ваквите закани и притисокот, освен во форма на закани по живот, постои и закана за новинарите воопшто и влијание врз целокупната слобода на говорот, а не само притисок врз конкретен новинар и медиум.

„Курир“

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top