Македонија

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

Предлог-законот за заштита од пушење ќе претрпи измени по последната средба меѓу угостителите и претставниците на Владата. Клучната промена е тоа што терасите на локалите, за да се сметаат за простор каде е дозволено пушење, ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни, наместо првично предвидените три.

Оваа одлука доаѓа откако институциите утврдиле дека голем дел од објектите немаат техничка можност да ги отворат терасите од три страни. Сепак, забраната за пушење во затворените делови на објектите останува целосна и категорична.

  • „Во деловните простори, во внатрешноста, нема да се пушат цигари, ’ајкос’ или ’вејп’. На терасите ќе продолжи да се пуши, со обврска да ги приспособиме на новиот закон – да бидат отворени од минимум две страни и заградени до висина од 1,40 метри поради безбедност и природно проветрување“, изјави Перица Голомеиќ, претседател на Туристичко-угостителската комора.

Иако угостителите бараа одложена примена од три години, извесно е дека ќе добијат рок од најмногу една година по стапувањето на сила на законот за да ги приспособат своите објекти.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top