Македонија

Законот за високо образование отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра. Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела. Според дел од професорите, со овој закон ќе се доближиме до другите развиени земји. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

Законот за високо образование е отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво, рече министерката за образование Весна Јаневска. Таа е задоволна од првата јавна расправа со државните универзитети, која се одржа во Скопје, нагласувајќи дека професорите дискутирале за одредбите од законот.

  • Имаше конструктивни предлози и сите што беа конструктивни ќе бидат прифатени. Има и технички грешки во законот, затоа се јавните расправи, тие ќе бидат исправени. Остануваат неколку члена за дискусија кои понатаму ќе се дискутираат. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, потоа во неколку дена ќе ги направиме сите добиени забелешки за кои работната група смета дека се прифатливи, ќе остане на ЕНЕР уште неколку дена за да ги видат забелешките кои се прифатени и потоа оди во владина процедура – рече Јаневска.

Сепак, таа нагласи дека ќе се разгледуваат исклучиво аргументирани и издржани забелешки и дека нема да се прифаќаат оние што се под нивото на академска дискусија, посочувајќи конкретен пример од досегашната јавна расправа.

  • Се случи еден професор на еден универзитет да праша зошто би бил потребен критериумот присуство на меѓународни конгреси, симпозиуми и други манифестации и праша кое би било фајдето на студентот ако професорот оди на вакви меѓународни собири. Мислам дека академското ниво треба да биде многу повисоко за да можеме да поставуваме вакви прашања. Ова прашаење не може да биде тема на дискусија во академска заедница и со ваквите прашања законот и дискусијата на министерот и на работната група во иднина нема да се занимава. Затоа што прашањето дали науката и образованието ќе имаат корист од вмрежувањето со странски универзитети, со странски професори, кои се на високо ниво, не е тема на дискусија. Ќе ги дискутираме оние членови на законот кои тие сметаат дека се проблематични за нив и на тие можеме да се приспособуваме. Јавната расправа е уште отворена и затоа и се прави – за да ги слушнеме сите аргументирани забелешки – истакна Јаневска.

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра. Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела. Според дел од професорите, со овој закон ќе се доближиме до другите развиени земји. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top