Македонија

Заменик-министерот Ристески се обрати на конференцијата „Од преместување на производство до локално напредно производство“

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“. Конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

„Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој.

На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите“ – кажа заменик-министерот Ристески.

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имаа и амбасадорот на Австрија Н.Е. Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија Антје Ванделт, Извршниот директор на Скопски Саем Даниела Глигоровска, Претседателката на Асоцијацијата на метална и електро индустрија Марта Наумовска Грнарова, како и Деканот на ФИНКИ Петре Ламески.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top