Македонија

Започна судењето на судијата кој заѕидал 350.000 евра

Ѓоко Ристов на почетокот од процесот изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела што му се ставаат на товар

Во Кривичниот суд започна судењето против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, откако во куќата на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.

Судијата Ристов лично заѕидал 350.000 евра: Траги од неговата ДНК во „мајсторијата“

Ристов на почетокот од процесот изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела што му се ставаат на товар.

„Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација“, изјави Ристов пред судот.

Против него е покренато обвинение за непријавени и неевидентирани 350.000 евра, кои биле пронајдени заѕидани во кујната на семејниот дом во Неготино.

Парите биле спакувани во 13 одделни пакувања и сокриени во шуплини од цигли во ѕид од една од просториите.

Случајот се отвори откако беше уапсен поранешниот државен правобранител и адвокат Фехмо Стафа, кој бил фатен при примање 50.000 евра и во истрагата тој посочил дека парите биле наменети за судијата Ристов, со цел посредување за укинување на мерка притвор.

Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор истакна дека Обвинителството ќе докажува оти Ристов го прикривал својот имот и дека нема законско покритие за пронајдените средства.

Таа посочи дека станува збор за сума еквивалентна на околу 450 просечни плати и најави дека Обвинителството ќе докажува и кривично дело перење пари, како и трговија со влијание.

„Ќе докажеме дека парите пронајдени во семејната куќа биле негови и стекнати преку трговија со влијание“, рече обвинителката.

Одбраната, предводена од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, тврди дека обвинението нема цврсти докази.

„Ќе докажеме дека ѕидовите зборуваат, а доказите молчат. Ова е холивудски правно издржан филм кој игра на емотивниот набој на јавноста“, изјави Давидовиќ.

Тој најави дека одбраната ќе докажува дека парите биле сопственост на родителите на Ристов и дека нивниот имот бил легално стекнат.

Ристов, кој со години судеше во Кривичниот суд пред да стане апелациски судија, сега првпат се најде на обвинителна клупа..

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top