Македонија

Заврши одморот на пратениците

Од утре пратениците официјално се враќаат на работа по годишниот одмор.

Од утре пратениците официјално се враќаат на работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе ги запознае со тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. Според информациите на собраниската веб-страница, до петокот освен брифингот со новинарите, не беа закажани други активности за наредната недела.

Одморот на пратениците беше прекинат на 16 август поради итна седница за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, кој не беше усвоен поради недостиг на Бадентерово мнозинство. Претходно, на 13 август, седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Традиционално, одморот на пратениците почнува по Националниот празник Илинден.

На 9 август, претседателот Гаши ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да продолжи со одржување на пленарни седници и седници на комисиите до почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

На последниот брифинг со новинарите, Гаши истакна дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека пратениците ќе бидат повикани на седници доколку е потребно.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top