Македонија

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“ на Пониква

На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето

Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква.

На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето.

-Во тек е дезинфекција на просториите во објектите каде престојуваа лицата, а се прска и против комарци, со што се прават подготовки за втората група повредени. Во план е во вторник тие да пристигнат на Пониква и да се сместат во одморалиштето, а веќе е подготвен и списокот за третата група за рехабилитација. Престојот на планина им годи на повредените млади луѓе и тоа позитивно влијае за нивната рехабилтиација – и физички и психички. Дел од нив продолжуваат со подготовки за полагање на испитите на факултетите, а оние кои претходно биле работно ангажирани веќе се чувствуваат подготвени да се вратат на своите работни места. Едно момче кое беше повредено во пожарот во „Пулс“ се пријавило на огласот да биде волонтер во Доброволното противпожарно друштво во Кочани, истакна Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

За рехабилитацијата на повредените на Пониква се грижат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип кои им ја обезбедуваат потребната здравствена нега и физиотерапевтските вежби. Скоро сите повредени спроведуваат физички активности и ги користат опремените спортски игралишта, а вклучени се вклучени и во системот „Мој термин“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top