Македонија Колумни

„Зборникот на Миладиновци“ – „евангелие“ на македонизмот и јазичен чувар на идентитетот на македонскиот народ веќе 165 години

Еден од најзначајните чувари и своевидни пишани споменици на македонскиот национален, јазичен и културен е делото „Зборник на браќата Миладиновци“, кое е објавено на денешен ден, на 24 јуни 1861 година. Тој ден првите примероци од зборникот ја напуштиле печатницата на во Загреб и им биле испорачани на претплатниците. Во овој Зборник на 538 страници на голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај 584-те македонски песник, зборникот има и 14 детски игри, неколку народни обичаи од разни места во Македонија, 8 верувања, 16 преданија, извесен број лични имиња, 50 пословици и 104 гатанки. Македонските песни се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаловни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, жетварски, песни за Водици, за Ѓурѓовден… Сите тие песни потекнуваат од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.). Овој монументален зборник со своето богатство од песни и традиции е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво. Тој претставува капитално и епохално дело за македонскиот народ. М. Цепенков го чувал дома и го нарекувал „второ вангелие“. Кажано со речникот на Цепенков, „Зборникот на Миладиновци“ е и своевидно „евангелие на македонизмот и на македонскиот идентитет! Оттука и браќата Миладиновци се дел од основните столбови, врз кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик.

Пишува: Свето Тоевски

Денес кога Бугарите отвораат уште пожестоки расправи за самото постоење на македонскиот јазик и идентитет, ваквите дела имаат уште поголема важност, бидејќи претставуваат тестаментални завештанија до секое македонско поколение, па и денешното, дека не смее да се дозволи ниту да исчезне, ниту да им се „преотстапи“ на други  овој дел на севкупната македонска национална меморија, да се прикажува како да е нивен, бугарски. 

Зборникот на браќата Константин и Димитар Миладинов го има оригиналниот наслов „Бугарски народни песни“  („Бѫлгарски народни пѣсни“), но зошто?! Зошто се вметнати и бугарски песни?!

Ова било сторено по директно барање и интервенирање на на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, кој бил главен финансиер и мецена на изданието.

Браќата Миладиновци првично собрале македонски народни песни. Но, како поборник на јужнословенското заедништво (илиризам), Штросмаер  сметал дека книгата ќе добие поголемо општествено и културно значење, ако вклучува творештво и од други источни и јужни Словени. Тој побарал во збирката да се додадат и песни од Бугарија, за да претставува делото „поширок регион“. Бидејќи Миладиновци немале сопствени записи од Бугарија, Константин Миладинов стапил во контакт со бугарскиот собирач Васил Чолаков, од кого биле откупени околу 100 бугарски песни. Од нив биле вметнати 76 бугарски песни, наспроти огромното мнозинство од 584 македонски песни. Овие новододадени песни биле повод за насловот на книгата да биде „Бугарски народни песни“, што се случило и поради влијанието на тогашните општествено-политички околности и логика во Австроунгарија.

Историчарот Харалампие Поленаковиќ изнесува научни аргументи дека Константин Миладинов и неколку негови блиски соработници ги опишувале песните, што ги подготвувал во Москва, како „македонски“, термин што го користеле и Рајко Жинзифов и рускиот научник Рачински. Во своето писмо до Георги Раковски од 8 јануари 1859 година Миладинов напишал на три места  дека поседува „многу македонски песни“, кои имал намера да ги објави подоцна. „И ja имам многу Макед. песни, кои сакам да издадам. – навел Константин во ова писмо – документ, кој го урива и самиот наслов „Бугарски народни песни„“ и денешните бугарски фалсификати за. Толку од „бугарштината“  на Константин Миладинов и од „бугарскиот карактер“ на сите македонски народни песни, поместени во зборникот. 

 За народните умотворби и народни песни во „Зборникот на Миладиновци“ Томе Саздов, истражувач на македонското народно творештво и универзитетски професор по усна народна книжевност во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, има напишано во еден свој научен труд: дека „со овие и сите други свои народни умотворби Македонците си го сочуваа низ темните ропски векови најдрагоцениот белег на својата народност — својот јазик.“

„Токму народните умотворби ги откриваат корењата на самобитното постоење на Македонците во минатото. Тие се вторитетен и меродавен документ на националната самобитност македонскиот народ пред асимилаторските апетити на сите негови поробувачи, и овие новите. Македонскиот народ во своето усно поетско творештво ги излеал своите богати творечки дарби,вградувајќи ги во нив чистотата и оригиналноста на својот мајчин македонски јазик. Македонското народно поетско творештво, пројавено во важниот период на нашата преродба, има несомнено фундаментално значење за националната и културната историја на Македонците: говори јасно за созреаното национално сознание на македонскиот народ и обилно го истакнува на показ богатството на нашиот македонски јазик  јазик во времето кога печатеното негово претставување беше вистинска реткост.“ – има нагласено Томе Саздов.

(„Нова Македонија“)

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

Бугарски националисти поставија во Баница спомен-плоча на идеологот на македонската револуција Гоце Делчев со ознака „Бугарски револуционер“!

Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како „бугарски револуционер“. Грчките власти не биле известени, ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата. Бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција.

Генијалниот 11-годишник Македон Димитровски, еден од најперспективните млади таленти од регионот, се вброи меѓу најпаметните деца во светот

Македон Димитровски (11) од Македонија постигна исклучителен резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени, при што 740 поени освоил по математика и 700 поени по англиски јазик. Станува збор за тест кој е стандардна приемна проверка за запишување на универзитети во САД и се користи за оценување на академската подготвеност на средношколци. Според објавата на неговото семејство, овој резултат го става меѓу највисоко рангираните ученици на негова возраст на глобално ниво, со остварувања, кои вообичаено го постигнуваат кандидати на 17–18 години.

Муцунски: Бугарија со дипломатска нота за семејството на Мицкоски – неприфатлив преседан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради објавувањето на дипломатска нота од Бугарија за престојот на сопругата и малолетниот син на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово.

Конгресот врши притисок врз Трамп: Резолуција за спречување на продолжена војна со Иран

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

Најнови вести

To top