Македонија

Зеленски се сретна со принцот Пахлави (ВИДЕО)

Пахлави е син на шахот Мохамед Реза Пахлави, последниот монарх во земјата соборен за време на Исламската револуција во 1979 година

Претседателот Володимир Зеленски се сретна со протераниот ирански опозициски лидер Реза Пахлави во Париз на 13 март за да разговараат за војната меѓу САД и Иран.

„Хиерархијата на режимот навистина веќе претрпе значителни загуби и е клучно иранскиот режим да не добие ништо од ова и народот на Иран да има поголема заштита за своите животи и повеќе можности да ја одреди својата судбина“, објави Зеленски на X по средбата.

Украинскиот претседател и „прицот“ разговараа за моменталната ситуација на Блискиот Исток, а Пахлави ги сподели „сигналите“ што ги добил од Иран, истакна Зеленски.

„Украина навистина сака да види слободен Иран кој нема да соработува со Русија ниту да го дестабилизира Блискиот Исток, Европа и светот.
Благодарен сум на престолонаследникот за неговите јасни уверувања за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Нашите тимови ќе останат во комуникација“, рече Зеленски кој најави блиска соработка меѓу Ураина и Иран по враќањето на Пахлави на чело на Иран.

Пахлави е син на шахот Мохамед Реза Пахлави, последниот монарх во земјата соборен за време на Исламската револуција во 1979 година.

 

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top