Македонија

Во Велес одбележани 119 години од раѓањето на Петре Прличко

Еден од најголемите македонски актери на сите времиња

Во Велес денеска беа одбележани 119 години од раѓањето на Петре Прличко – еден од најголемите македонски актери на сите времиња. По тој повод, во чест на неговиот  лик и дело, градоначалникот Марко Колев заедно со претставници од театарот и директорот Жарко Спасовски положија букети цвеќе на неговата спомен биста во Младинскиот парк во непосредна близина на Театарот, информира попладнево градоначалникот Колев.

Петре Прличко бил роден  на денешен ден, 13 март во 1907 година, а почина на 16 ноември  1995 година.

Прличко познат како којничанец бидејќи живеел на Којник во Велес,  е еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Припаѓа на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, оставајќи зад себе многубројни главни улоги како на театарската сцена така и на филмското платно.

Една од неговите најдраги улоги е ликот на Манданата во филмот „Мис Стон“ за која ја доби и наградата „Златна арена“. За своите безвременски улоги на театарската сцена и на македонските филмови, добива многубројни награди и признанија меѓу кои „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга и други.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top