Македонија

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет (ГАЛЕРИЈА)

Поставени бројни прашања со коишто децата покажале завидна зрелост

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце Делчев“, придружувани од своите наставници.

Како што информираат од кабинетот на претседателката младите посетители со внимание ја проследиче церемонијата што традиционално се одржува секој втор петок во месецот, а ја реализира Баталјонот за почести при македонската армија, како израз на почит кон знамето и државата.

По свечениот чин, гостите ги разгледале просториите на Кабинетот и во непосреден разговор со Сиљановска-Давкова, со голема љубопитност ѝ поставиле бројни прашања со коишто покажале завидна зрелост: за секојдневните предизвици, за активностите коишто ѝ недостасуваат поради зафатеноста со претседателската функција, за омилените активности во детството, за школувањето и професијата, но и за уметничките дела коишто го красат Кабинетот.

Восхитена од нивната искреност и смелост, таа им укажала на важноста да бидат свои, оригинални и критични, да веруваат во силата на знаењето, да другаруваат со книгите и да си ја сакаат татковината.

На крајот од посетата, учениците ѝ подариле прекрасни цртежи и ракотворби, изработени со многу креативност и посветеност, а од Кабинетот како што самите кажале си заминале со насмевки и убави впечатоци, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката ГорданаСиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top