Македонија Хроника

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 3.4 степени по Рихтер утрово го стресе охридско-струшкиот регион. Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил со интензитет од IV степени и бил почувствуван во пошироката околина. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани […]

Земјотрес со јачина од 3.4 степени по Рихтер утрово го стресе охридско-струшкиот регион. Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил со интензитет од IV степени и бил почувствуван во пошироката околина. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.

Првиот земјотрес имал локална магнитуда од 3.4 степени според Рихтер, а вториот 2.3 степени. Според досегашните податоци, посилниот од двата бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top