Македонија

Земјотрес од 3,7 степени во Грција го стресе Охрид

Епицентарот е околу 100 км југоисточно од Скопје, а од охриѓани бил почувствуван со сила од 3 степени по Рихтер

Вечерва во 19:50 часот Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,7, чиј епицентар се наоѓа во Грција, околу 100 километри југоисточно од Скопје.

Според првичните информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван и во Охрид и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Савески-Политичарите да се воздржат од влијанија и притисоци врз правосудството! Политиката да ги тргне рацете од него!

Важно е да се обезбеди максимална независност и самостојност на правосудните органи, како суштински предуслов за владеење на правото, истакнаа државниот обвинител Ненад Савески и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кои денеска одржаа работна средба. Недовербата во правосудството може да се надмине само преку конкретни постапки, професионален интегритет и видлива отчетност, рече државниот обвинител Ненад Савески на оваа работна средба.

Спроти завршувањето на рокот Иран да го отвори Хормускиот теснец и можното негово масовно бомбардирање драматична објава на Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва!

„Целата цивилизација ќе умре вечерва, за да не се врати никогаш повеќе. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“ – порача предмалку претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во драматичната и невообичаена објава на својата општествена мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“ ). Оваа заканувачка објава американскиот претседател ја изнесе денес, пред истекот на крајниот рок до 20 часот, што им го постави на иранските лидери да ја прекинат блокадата на Хормускиот теснец и да го отворат за минување на танкери со нафта, за да, како што рече, „не им се урне врз главата пеколот“.

Кекеновски за полагањето правосуден на албански: Тоа е политички инструментализирана тема, спротивна на уставниот поредок! Правото не е етнички договор!

Професорот по право Јове Кекеновски оцени дека барањето правосудниот испит да се полага на друг јазик не претставува прашање на јазични права, туку политички инструментализирана тема што, според него, е спротивна на уставниот поредок и правната сигурност. Тој посочува дека Уставот јасно го утврдува македонскиот како службен јазик, додека употребата на другите јазици се однесува на институционална комуникација, а не на професионални критериуми за влез во правосудниот систем.

Мицкоски: Македонија е прва во Европа со ваков стратешки дијалог со САД, ретка руда од паланечко ќе се извезува во Оклахома

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави.

Најнови вести

To top