Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 3,2 отсто, во однос на истиот период претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Вкупниот број ноќевања покажува раст од 3,7 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2, а кај странските за 5,7 отсто.
Според ДЗС, во август годинава 244.513 туристи оствариле 934.042 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 46,4 отсто биле домашни, а 53,6 проценти биле странски. Бројот на ноќевањата изнесувал 934.042 од кои 70,8 отсто од домашните туристи, а 29,2 од странски туристи.
Во август најмногу туристи, 45.747, дошле од Турција, 13.166 од Србија, 7.457 од Романија и 7.324 од Германија.МИА