Македонија

Железничкиот сообраќај во прекин поради бојкот

Дел од барањата се исплата на перкувремените часови, а за оние кои направиле над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус плата, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа…

Hisilicon K3

Машинскиот извршен персонал стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија. Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Очекуваат менаџерскиот тим да ги повика на средба и да разговараат за барања.

  • Имаме вкупно 15 барања кои на 2 октомври ги доставивме до менаџерскиот тим. Ни беше одговорено два месеца подоцна односно на 28 ноември, во петокот добивме одговор со образложение дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба и нема доволно средства за нашите барања – вели претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски.

Дел од барањата се исплата на перкувремените часови, а за оние кои направиле над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус плата, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа…

Димковски посочува дека дел од барањата се однесуваат на сите вработени, а дел на машиновозачите. Станува збор за вкупно 603 вработени. Од нив 46 се активни машиновозачи и околу 30 помошници.

Најнови вести од: Македонија

Зошто расте бројот на прекршоци уловени со „Безбеден град“?!

Најголем дел од нив, повеќе од 25 илјади, се за брзо возење, додека значително помал број се за нерегистрирани возила и минување на црвено светло. Споредбено со минатиот месец во март, се пишани седум илјади повеќе прекршоци отколку во февруари. Пролетта, на улица ги враќа и моторџиите.

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top