Македонија

Жерновски кој не избламира пред членка на ЕУ не може да зборува за дипломатија – реакција од ВМРО-ДПМНЕ

Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи

Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја-членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, не може да зборува за дипломатија, реагираше денеска од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите што ги изнесе Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој го обвини министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за тотален дебакл во надворешната политика и за влошена меѓународна позиција.

„Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи. Жерновски е уште еден потрчко на патлиџан дипломатијата на Заев, кои ја сфаќаа дипломатијата како ,’Бојко љубави, имаш поздрави од Зоки’. Жерновски глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата ‘еден народ, две држави’“, се наведува во соопштението  од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСм пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој, на национален план. СДС ги урна Македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија. СДС е директно виновен за се негативно на дипломатски план. А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе една година поправа грешки од СДС и ниже успеси“, велат од владејачката партија.

Според Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на партијата, по една година владеење, резултатите на меѓународен план се поразителни, а Македонија е „понижена, без ниту еден успех, само порази“.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top