Македонија

Жерновски најавува победа на политиките и визионерството на СДСМ

Нов ,,бисер” од човекот што бришеше постови во кои лажеше, беше демантиран од ЕУ и не знае што значи НАТО

Екс лидерот на Либерално Демократската Патија кој сега е секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Андреј Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати Францускиот предлог.

Политичарот кој не знаеше што значи кратенката НАТО еднаш бришеше пост откако беше фатен дека објавува лажни информации а друг пат беше демантиран од ЕУ сега тврди дека СДСМ е пред период во кој ќе се покажеле визионерството и победите на политиките на Бихаќка.

,,Затоа сакавме да одржиме оваа прес-конференција за да им објасниме на граѓаните што сега се случува и каква стратегија подготвува Владата на Мицкоски.

Претстојуваат денови кога граѓаните, особено оние коишто ја дадоа поддршката на ВМРО, ќе им стане јасно дека тоа беше партијата којашто врз основа на лаги дојде на власт и којашто сè уште со лаги владее.

Доаѓа време кога ќе стане јасно дека СДСМ ја зборуваше вистината, дека СДСМ презеде обврски, гласаше одлуки коишто беа за добробит на граѓаните, тешки, меѓутоа за да добиеме просперитет во иднина и да ги зачуваме младите во нашата држава.

Доаѓа период кога ќе сведочиме за една победа на политиките и визионерството на СДСМ, но и пораз на политиките и на лагите на ВМРО”, вели Жерновски.

Според него „Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ затоа што владата на Мицкоски наводно договорала прифаќање на Францускиот предлог.

Жерновски не објави докази за своето тврдење.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top