Македонија

Жито Лукс го одбележува Светскиот ден на лебот со донација од 8.000 лебови за оние на кои им е најпотребно

Во периодот од 14 до 20 октомври, компанијата ќе донира вкупно 8.000 лебови за граѓаните и семејствата на кои поддршката им е најпотребна.

По повод Светскиот ден на лебот, Жито Лукс и оваа година ја продолжува традиционалната хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Во периодот од 14 до 20 октомври, компанијата ќе донира вкупно 8.000 лебови за граѓаните и семејствата на кои поддршката им е најпотребна.

Донацијата ќе биде распределена преку регионалните центри на Црвениот крст низ државата, со цел да стигне до најранливите категории граѓани и да придонесе во обезбедувањето на нивните секојдневни оброци.

Иницијативата традиционално се реализира по повод Светскиот ден на лебот, кој се одбележува на 16 октомври и потсетува на значењето на една од основните прехранбени намирници, но и на фактот дека за многу луѓе обезбедувањето на основните производи сè уште претставува секојдневен предизвик.

Лебот отсекогаш имал посебно место во животот на луѓето. Низ историјата бил основна храна, но и симбол на благосостојба, споделување и заедништво.

Во македонската традиција и денес е неизоставен дел од семејната трпеза, присутен во секојдневните оброци, но и во бројни обичаи и семејни прослави.

„Лебот е дел од нашата традиција, од нашето секојдневие и од речиси секоја семејна трпеза. Низ генерациите тој ја задржал својата вредност како основен прехранбен производ, но и како симбол на грижа, споделување и заедништво. За нас во Жито Лукс, компанија која годинава одбележува 80 години постоење, оваа поврзаност со луѓето има особено значење. Веруваме дека нашата одговорност не завршува со производството на квалитетен леб, туку продолжува и преку поддршката што ја даваме на заедницата. Со оваа традиционална донација сакаме да покажеме дека и малите, секојдневни нешта можат да направат голема разлика во нечиј живот“, изјави Стефанија Ракиќ, директор за човечки ресурси и комуникации во Жито Лукс.

Од Црвениот крст ја истакнуваат важноста на континуираната соработка со компаниите кои преку конкретни активности придонесуваат за поддршка на ранливите категории граѓани.

„За многу семејства со кои работиме, обезбедувањето на основните прехранбени производи претставува секојдневен предизвик. Токму затоа, ваквите донации имаат големо значење, бидејќи овозможуваат конкретна и навремена помош за луѓето на кои им е најпотребна. Ја поздравуваме долгогодишната поддршка од Жито Лукс и нивната посветеност на хуманоста и солидарноста. Ваквите партнерства покажуваат дека со заедничко дејствување можеме да придонесеме за подобро секојдневие на нашите сограѓани“, изјавија од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со оваа иницијатива, Жито Лукс уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и грижата за заедницата, продолжувајќи ја традицијата на дарување и солидарност. Во годината кога одбележува осум децении постоење, компанијата потсетува дека вредноста на лебот не е само во неговото место на трпезата, туку и во можноста да се сподели со оние на кои им е најпотребен.

 

Најнови вести од: Македонија

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top