Македонија

,,Жива била Македонија” ечеше во Овчарани вчера за големиот македонски празник (ВИДЕО)

Масовност и во знак на пркос откако претходно радикални грчки структури ги пријавуваа организаторите дека организирале сепаратистички собири на Македонци

Стихот ,,Жива била Македонија” од песната Бисер Балкански и десетици други македонски патриотски песни ечеа вчера во селото Овчарани на веселбата организирана за големиот македонски празник.

 

Во ова Леринско село во Егејска Македонија традиционално се одржува голема народна веселба на Македонците во чест на Илинден.

 

Македонците во Грција Илинден се слави 14 дена порано според Грегоријанскиот календар.

 

За време на Илинденското востание најголемата територија која востаниците ја запоседнале и најдолго ја чувале е во местата Невеска и Клисура кои се наоѓаат во Грција.

 

Според објавените видеа годинава на собирот во Овчарани кој се нарекува ,,Панаѓир” се собрала рекордна бројка на Македонци од сите краеви на Македонија.

 

Многумина Македонци во Грција од оддалечени села и градови на собирот отидоа и во знак на пркос откако претходно радикални грчки структури ги пријавуваа организаторите дека организирале сепаратистички собири на Македонци.

За разлика од Македонија каде голем број македонски градоначалници организираат народни веселби со српски пејачи во Егејска Македонија на собирите се пејат главно македонски песни.

 

Видеото од масовниот собир во Овчарани на линкот кој го објавува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски

 

https://x.com/MMZdravkovski/status/1946667366315880698?t=DWiFkv_akuuxeQAi7yabqA&s=19

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top