Македонија

Зиков тврди дека само со Заев Македонија имала цврсти и јасни политики (ВИДЕО)

Екс функционерот во владата на СДСМ и ДУИ за бугарскиот медиум кој се прикажува како македонски убедува дека Заев имал јасен и цврст став

Во интервју за бугарскиот сајт кој перфидно објавува информации на македонски јазик 24мк.мк екс функционерот на СДСМ Љупчо Зиков тврди дека Мскедонија само во времето на екс премиерот Зоран Заев имала јасни и цврсти политики.

Зиков кој беше новинар а потоа директор во државната компанија МЕПСО тврди дека со сите мани и проблеми што ги имала таа влада имала јасна политика.

Екс функционерот на СДСМ во интервјуто за бугарскиот портал кој објавува вести на македонски јазик вели дека владата на Заев го решила спорот со Грција и вчегла во НАТО а историјата ќе суди дали Заев работел добро или лошо.

Зиков од владата на Заевбќ беше именуван за директор за финансиски работи во државната компанија АД Мепсо.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

To top