Македонија

Злато за Македонија: Дамјан Давков е најдобриот математичар во Европа

За земја со помалку од два милиони жители, освојувањето на златен, сребрен и бронзен медал на првото издание на Европската математичка олимпијада претставува исклучителен успех и потврда за квалитетот на македонските млади математичари.

Дамјан Давков (Штип) е европски шампион по математика на првото издание на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026), што се одржа во Вилнус, Литванија.

Со освоени 44 поени, Давков го делеше првото место со натпреварувач од Казахстан, но според дополнителните критериуми, токму тој е прогласен за апсолутен победник на првата ЕМО во историјата.

Македонија на овој престижен натпревар испрати шест ученици и се врати со впечатливи резултати – три медали:

  • Злато – Дамјан Давков (44 поени)
  • Сребро – Ивано Божиновски (29 поени)
  • Бронза – Леонид Тодороски (23 поени)

Во екипниот пласман според бројот на освоени медали, Македонија заврши на шесто место во Европа, зад Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија.

За земја со помалку од два милиони жители, освојувањето на златен, сребрен и бронзен медал на првото издание на Европската математичка олимпијада претставува исклучителен успех и потврда за квалитетот на македонските млади математичари.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top