Македонија

Значаен успех на Македонците-Муслимани, познати како Горани: во Собранието на Косово пратеник ќе им биде лидерот на Горанската Партија Хоџа

Областа Гора на Косово опфаќа 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, кои самите се нарекуваат Горани. Во науката за македонскиот јазик тие се познати и според тоа што говорат извонредно чист и запазен македонски јазик, иако проткаен со одредени и неизбежни србизми и турцизми во нивниот зборовен фонд. Под истата агенда како и со Македонците од Мала Преспа, Бугарија бара Бугари и меѓу тие Македонци од муслиманска вероисповед, кои живеат на територијата на Косово. Тие се изложени на непрестајна и перфидна стратегија за нивно асмилирање и бугаризирање, со користење притисоци и разновидни методи да се попишат како Бугари, а за возврат да добијат бугарски пасош, финансиска помош и школување за младите во Бугарија. Политичката застапеност на Македонците-Горани во косовскиот парламент ќе биде соодветна можност не само да се искаже нивниот македонски идентитет и македонскиот јазик, кој го говорат, туку и да се бара од косовските власти да преземат мерки за нивна ефикасна заштита од бугарските емисари – „рибари на македонски души“.

Единствената горанска партија (ЈГП), изразува искрена и длабока благодарност до сите гласачи и кандидати кои беа дел од листата на партијата на парламентарните избори, што на Косово се одржаа на 28 јануари.

-Благодарност до сите кандидати на листата за нивната храброст, посветеност и доверба во партијата. Голема благодарност и признание и до секој член, активист и волонтер кој со својата работа, време и енергија придонесе за заедничката цел, да имаме свој претставник во законодавниот дом, стои во објавата на партијата.



Посебна благодарност упатува до сите гласачи кои, како што пишуваат, ја препознаа визијата на партијата и ја дадоа својата поддршка, чија доверба претставува чест, но и голема одговорност.

-Наша обврска е укажаната доверба да ја оправдаме со чесна, посветена и одговорна работа. Нашата мисија е јасна: унапредување на благосостојбата на областа Гора, зачувување на нејзиниот идентитет и создавање подобри услови за живот за сите граѓани. Обединети, продолжуваме понатаму – за Гора, за иднина, порачуваат од партијата.


Во новиот состав на косовскиот парламент, на предвремените избори, освојувајќи над 1500 гласови, место обезбеди и ЈПГ, што е едно од 10-те загарантирани пратенички места за малцинствата, покрај 10-те загарантирани за српското малцинство.

Во 120-члениот законодавен дом ќе биде лидерот на партијата Адем Хоџа, дипломиран инженер.

 

Најнови вести од: Македонија

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

To top