Македонија

Звучи неверојатно но Македонија теоретски вечерва може да се пласира на Светското првенство во фудбал

Надежда за САД, Мексико и Канада умира последна

Вечерва со мечевите од последното коло, завршуваат квалификациите за пласман на СП 2026 во нашата Ј група. Македонија на табелата засега е втора, без пораз, со 13 бодови, два помалку од првопласираната Белгија, а Велс е трет со ист број бодови како и ние ама со послаба гол разлика, пишува Спортспорт во својата анализа.

Убаво ќе биде уште еднаш, како многупати досега во изминатите неколку денови, да ги “разгледаме“ сите математики во врска со Македонија во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Велс и Македонија кој се игра на “Кардиф сити“ стадионот од 20:45 часот. Само да потсетиме дека во исто време во Лиеж, играат Белгија и Лихтенштајн.

Еве се тие математики:

МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО НА МУНДИЈАЛОТ

-Првата варијанта е Македонија да го победи Велс а Белгија да загуби од Лихтенштајн, па така на крајот табелата ќе изгледа вака: Македонија 16, Белгија 15 и Велс 13. Ова значи дека Македонија ќе обезбеди директен пласман на СП 2026.

-Втората варијанта е Белгија да одигра дома нерешено со Лихтенштајн, а Македонија тогаш ќе мора да го победи Велс со седум голови разлика. И вака Македонија е прва и оди директно на Мундијалот.

Секако дека малку е веројатно Белгија да не слави со тоталниот аутсајдер, ама и ние треба да го победиме Велс.

МАКЕДОНИЈА СИГУРНО ИГРА БАРАЖ

Колку за потсетување дека вечерашниот меч, ако Белгија не загуби дома со Лихтенштајн, нема да биде битка на „живот и смрт“ за Македонија ако се знае дека ние и онака имаме обезбеден бараж, исто и Велс. Значи вечерва во Кардиф ќе се игра за тоа во кој „шешир“ ќе бидеме во ждрепката за баражот.

-Ако победиме со Велс или ако одиграме нерешено, тогаш сме втори во групата и во баражот ќе се најдеме во ПОТ 3 или третиот шешир. Тогаш за ривал ќе имаме противник од ПОТ 2. Тоа полуфинале ќе го играме како гости. Што секако е подобра варијанта.

-Ако загубиме од Велс тогаш на крајот ќе завршиме како трети во групата и во баражот ќе одиме како победници во Лигата на Нации и ќе одиме во ПОТ 4. И тогаш полуфиналето ќе го играме како гости.

Ова се сите математики кои треба да ги знаеме во пресрет на вечерашниот меч со Велс, пишува Спортспорт.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top