Регион

Борисов со предвидување што ќе се случи ако падне бугарската влада

Моментален хаос, скок на цените и влада од коалиција со „ черепи и коски“. Еве што ќе се случи ако владата падне. Вакво предвидување даде во саботата Бојко Борисов, лидерот на клучната партија ГЕРБ во владата. Бугарската влада составена од три коалициски партнери ја води членот на ГЕРБ, Росен Жељасков.

Моментален хаос, скок на цените и влада од коалиција со „ черепи и коски“. Еве што ќе се случи ако владата падне. Вакво предвидување даде во саботата Бојко Борисов, лидерот на клучната партија ГЕРБ во владата. Бугарската влада составена од три коалициски партнери ја води членот на ГЕРБ, Росен Жељасков.

На говорот пред членовите на партијата во Разлог Борисов зборуваше буџетските драми од минатата недела, протестите и претстојните претседателски избори следната година.

Ситуацијата е многу комплицирана, рече Борисов, кој пред неколку дена ѝ нареди на владата да го повлече предлог-буџетот по големите демонстрации пред парламентот, главно поради предвиденото зголемување на даноците.

Потоа зборуваше за претседателските избори и дали ГЕРБ се плаши од евентуална кандидатура на градоначалникот на Софија, Васил Терзиев:

„Тој е прекрасен кандидат за претседател. Најлесно е да се борите против оној од партиите на десниот центар“, рече тој.

Може да има кандидат од десницата само ако има единство, додаде Борисов. Во спротивно, патот ќе се отвори само за продолжување на сегашната геополитичка линија на претседателството.

Борисов раскажа како во петокот отишол во парламентот да зборува со медиумите, но одеднаш, зад него се појавиле членовите на ПП-ДБ – Асен Василев, Ивајло Мирчев и Атанас Атанасов. Истиот ден, опозицијата коментираше дека Делјан Пеевски „го влечел за уши“ Борисов за буџетот. Веројатно поради оваа фраза лидерот на ГЕРБ рекол:

„Оној што ги влече за уши, го видов на протест пред некој ден – Черепот“.

Бизнисменот Васил Бошков наречен Черепот навистина бил на протестот против усвојувањето на буџетот. После тоа, Борисов објави дека го повлекува законот. А во саботата, тој веќе се сомнева дека Бошков е дел од заговор.

„Што би се случило ако ја разнишаме владата и таа падне? Моментален хаос, цените ќе скокнат нагло затоа што нема контрола каква што е потребна во моментов, целосно компромитирање на еврозоната. Потоа излегуваат овие луѓе, новиот блок – ПП-ДБ, Преродба, Величие, МЕЧ, черепи, коски, Илијана Јотова. Тие ја покажаа новата владина коалиција“, рече лидерот на ГЕРБ.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

To top