Регион

Бугари тврдат дека Никола Тесла имал бугарски корени преку македонски крај (ФОТО)

Постовите за Тесла – Бугарин имаат огромна популарност и поддршка меѓу бугарските граѓани

Во низата лажни тврдења поврзани со бугарскиот карактер на многу луѓе од светот се најде и еден од најголемите генијалци на светот.

 

Бугарски активисти споделуваат информација објавена во бугарски медиуми според која Никола Тесла имал бугарско потекло со корени со Македонија.

Во обидот за манипулација дека Тесла бил Бугарин се споменува и изводот на родени на генијалецот кој според бугарските експерти бил на бугарски јазик.

 

Во периодот кога е роден Тесла во Македонија немало бугарска администрација која издавала изводи на бугарски јазик ниту постоела бугарска држава но тоа не ги спречува бугарските ,,генијалци” да го присвојат еден од најголемите научници на светот за кого борба водат Србија и Хрватска.

 

Постовите за Тесла – Бугарин имаат огромна популарност и поддршка меѓу бугарските граѓани.

 

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top