Регион

Бугарија гради два нови центри за мигранти

Се разгледува можноста центрите за мигранти од затврен тип да бидат лоцирани во помали општини, со цел да се обезбедат нови работни места за локалното население

 

Бугарија ќе изгради два нови затворени центри за сместување на мигранти до крајот на 2026 година и почетокот на 2027 година.

Ова е неопходно поради одредбите од новиот Пакт за миграција и азил на Европската Унија, кој ќе почне да се применува од 12 јуни оваа година за сите земји-членки, објави за Бугарското национално радио (БНР), претседателот на Државната агенција за бегалци Иван Иванов.

Тој објасни дека се разгледува можноста центрите за мигранти да бидат лоцирани во помали општини, со цел да се обезбедат нови работни места за локалното население.

„Во однос на инфраструктурните услуги и барањата на пактот, Бугарија има обврска да изгради 2 нови центри од затворен тип. Моментално ја проучуваме локацијата – каде можат да се градат овие центри. Сметам дека е соодветно да бидат во помали населби“, рече Иванов.

Според неговите зборови, „луѓето не треба да се плашат, бидејќи тие ќе бидат од затворен тип, односно луѓето што ќе бидат внатре – бегалците – нема да имаат пристап надвор од овие центри“.

„Нема услов тие да бидат во близина на границата, но мојот став е дека е добро тие да бидат во круготпоранешни касарни што ги користела бугарската армија, кои во моментов се имоти без потреба. И да бидеме искрени – овие имоти се напуштени, па можат да се користат соодветно“, рече и шефот на агенцијата за бегалци.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top