Регион

Бугарија ќе го запре транзитот на руски гас

Целата потрошувачка на природен гас во Бугарија се покрива со увоз на течен гас

Production operator opening valve on offshore oil and gas central processing platform to control gas and crude production and quality.

Ова го соопшти премиерот Росен Жељазков, кој е во САД каде ќе учествува на Годишната сесија на Генералното собрание на ОН, според кој до 2028 година, рускиот гас треба целосно да биде исклучен од бугарскиот енергетски пазар,

„Што се однесува до повикот на претседателот Доналд Трамп, кој беше упатен за време на сесијата на Генералното собрание, ние, како дел од Европската Унија, ќе се придружиме на одлуките на Унијата за суспендирање, на краток рок – 2026 година – на договорите за користење или транзит на руски природен гас“.

До 2026 година, договорите за користење или транзит на руски природен гас треба да бидат раскинати, а на долг рок – до 2028 година, тој треба целосно да биде исклучен од бугарскиот енергетски пазар, додаде Жељазков.

Според него, целата потрошувачка на природен гас во Бугарија, и за индустријата и за домаќинствата, се покрива со увоз на течен гас, испорачан преку специјализирани терминали.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top