Регион

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе работат скратено или од далечина за време на летниот распуст

Бугарскиот парламент на прво читање едногласно усвои предлог за измени во Законот за работни односи, со кој родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст ќе можат да работат со скратено работно време или од далечина.

parliament.bg

Предлогот, поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДС) и група пратеници, беше поддржан со 181 глас „за“.

Досегашниот закон овозможуваше флексибилно работно време само за родители на деца до осум години. Со новите измени, ова право се проширува на родители и старатели на деца до 12 години, но исклучиво во периодот на летниот училишен распуст.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top