Регион

Бугарин загина во Украина борејќи се против Русија

Бугарски доброволец во украинската армија го загуби животот во борбите со руските сили кај Харков. Станува збор за 50-годишниот Владислав Цветанов Младенов од Дупница, поранешен водник во бугарската армија кој служел во 61. Стрјамска бригада. Според прелиминарните информации, мажот заминал за Украина на почетокот на јануари и починал на фронтот пред неколку дена, според објавата […]

Бугарски доброволец во украинската армија го загуби животот во борбите со руските сили кај Харков.

Станува збор за 50-годишниот Владислав Цветанов Младенов од Дупница, поранешен водник во бугарската армија кој служел во 61. Стрјамска бригада.

Според прелиминарните информации, мажот заминал за Украина на почетокот на јануари и починал на фронтот пред неколку дена, според објавата во Фејсбук-групата „Спомен – Меѓународни волонтери за Украина“.

Соборците на Младенов, кој зад себе ги остави бившата сопруга и двете ќерки, ги бараат неговите роднини во Бугарија за да може да биде погребан во татковината.

Младенов не е првиот бугарски доброволец кој загинал во Украина. На 3 јануари минатата година загина 31-годишниот Светослав Славков во борбите во близина на Купјанск.

Во 2023 година, пак, почина Саша Андреев, кој работеше во тим за хуманитарна помош. Тој беше ранет за време на гранатирањето додека обезбедуваше генератори за Украинците.

 

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top