Регион

Дојава за бомба пред вонредната седница за Додик

Непосредно пред почетокот на закажаната вонредна седница на Народното собрание на Република Српска, во зградата била добиена дојава за поставена бомба, објавија медиумите од Република Српска.

facebook.com/mdodik.official

Непосредно пред почетокот на закажаната вонредна седница на Народното собрание на Република Српска, во зградата била добиена дојава за поставена бомба, објавија медиумите од Република Српска. Поради ова, сите присутни во објектот биле евакуирани.

Моментално се врши контрасаботажна проверка за да се утврди безбедноста на зградата. Седницата, првично закажана за 10:00 часот наутро, е одложена за 11:30 часот поради дојавата.

На дневниот ред на седницата беа предвидени четири клучни точки:

  1. Прифаќање на оставката на премиерот на Република Српска.

  2. Информација за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина изречена против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и одлуката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина за престанок на неговиот мандат, заедно со ставот на Народното собрание за идните активности на институциите на Република Српска.

  3. Предлог за измени и дополнувања на Законот за референдум и граѓанска иницијатива, по итна постапка.

  4. Разгледување и усвојување на одлука за распишување референдум во врска со одлуките на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија за престанок на мандатот на претседателот Милорад Додик.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top