Регион

Драматичен инцидент на плажа во Пефкохори

Жена нападната од риба зајак

Непријатен инцидент се случил вечерва на популарната плажа во грчкото туристичко место Пефкохори на Халкидики, кога жена била нападната од рибата зајак, позната и како лагокефалос.

Според нејзиниот исказ за грчката телевизија ANT1, таа влегла во водата која ѝ била до колена кога одеднаш почувствувала силна болка во ногата. „Реков: ‘Нешто ме гризе и не ме пушта’. Погледнав надолу и видов огромна риба“, раскажала таа.

Жената истакнала дека веднаш ја препознала рибата бидејќи претходно била информирана за нејзиното присуство. Во паника почнала да ја тресе ногата за да се ослободи, а потоа излегла од водата во солзи. Нејзините пријатели исто така излегле од морето за да ѝ помогнат.

За среќа, каснувањето било во пределот на глуждот, каде коската спречила подлабоко продирање на забите. Сепак, рибата ѝ оставила голема и видлива рана. Присутните на плажата ѝ укажале прва помош, го запреле крварењето, а потоа била пренесена во локален здравствен центар, каде примила серум против тетанус, антибиотици и соодветна обработка на раната.

Грчкиот Црвен крст претходно предупреди за зголеменото присуство на лагокефалосот во грчките води. Оваа риба, позната и како риба-пуфер, се смета за еден од најинвазивните видови во Средоземното Море. Таа поседува многу силни вилици и остри заби кои можат да предизвикаат сериозни повреди. Експертите сметаат дека нејзиното сè почесто појавување во Егејското и Јадранското Море е резултат на промените на температурата на морската вода.

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top